По договорот за името на државата, се огласи Вселенскиот патријарх Вартоломеј за името на црквата
Постоењето раскол не е аргумент да напуштиме еден народ, рекол Вселенскиот патријарх Вартоломеј, на литургија по повод чествувањето на празникот на Светите апостоли Вартоломеј и Варнава.
- Кога еден од нашите браќа се оквафлификува како расколник или еретик, а уште повеќе кога цел еден народ, милиони луѓе, се надвор од нормалната црква врз основа на тој раскол, тогаш е потребен итен и без одложување повик на духовно будење. Апостолска должност на Мајката црква е да бара начини за спас на нашите браќа во Скопје и во Украина. Наша должност и одговорност е секогаш народите да ги вратиме кон вистината и кон канонските рамки на црквата. Бидејќи нашата Вселенска патријаршија се грижи за целиот свет и за сите народи и луѓе, без исклучок, рекол Вартоломеј, пренесува грчката новинска агенција АНА-МПА.
Вселенската патријаршија, истакнал Вартоломеј, никогаш не останувала настрана во ситуации кои го нарушуваат нормалното функционирање на православната црква. Вселенскиот патријарх повика на прифаќање на народот и „црквата на Скопје“ во православното единство, цитирајќи дел од посланието на апосотолот Павле до Коринтјаните дека „кога страда еден орган, тогаш страдаат сите органи, а кога се се радува еден орган, се радуваат сите“.
Светиот синод на Вселенската патријаршија на 29 мај годинава соопшти дека во рамки на нејзините надлежности и прерогативи, ќе биде разгледано и ќе се преземе тоа што е потребно за враќање на „црквата на Скопје“ во канонски рамки под името Охридска архиепископија. Соопштението следуваше по писмата упатени од МПЦ-ОА и од премиерот Зоран Заев во кои се бара Вселенската патријаршија да преземе чекори за признавање на автокефалноста на Македонската Православна Црква - Охридска Архиепископија, како рамноправна црква во православниот свет.
Ново на Сител
-
Брнабиќ: Во следните 48 часа ќе има седница на која Вучевиќ ќе предложи министри за новата влада
-
Две лица се повредени во пожар во фабрика за ракетни погонски системи во близина на Белград
-
Кина испрати воени авиони кон Тајван откако американскиот државен секретар го напушти Пекинг
-
Мотоциклист излетал од патот и удрил во паркирано возило
-
Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, Бугарија е единствено полоша
-
Судење на Трамп: Издавач на таблоид призна дека ја „закопал“ приказната за аферата со моделот на Плејбој
-
Гир: Првиот круг од изборите мина генерално мирно и демократски
-
Пронајдено е 76-годишното лице во кавадаречко по кое се трагаше од вчера