Македонија
2. September 2020 - 14:23

По четири часа механизацијата успеа да ја пробие платформата на дивоградбата пред Мавровка

По речиси четири часа работа механизацијата конечно успеа да ја пробие платформата од катот. 

Целиот објект сеуште стои меѓутоа пропадна мал дел кој се наоѓа на југоисточната страна на објектот. Рушењето на дивоградбата пред Мавровка сеуште се одвива со зголемено присуство на полициски службеници кои го обезбедуваат просторот. 

Претходно фантомскиот инвеститор за кого полицијата трагаше повеќе од еден месец конечно излезе пред јавноста и рече дека сите документи укажуваат на тоа дека не станува за дивоградба. Вели дека е жртва на политички игри а правдата ќе ја бара во Стразбур. 

Даниел Василев