По бегство од над осум месеци, уапсен вториот човек на „Златна зора“ кој беше осуден на речиси 12 години затвор
Вториот човек на неонацистичката Златна зора и поранешниот пратеник од партијата Христос Папас, осуден на затворска казна од 11 години и девет месеци, по над осум месеци бегство, доцна синоќа беше уапсен во атинска населба, јави дописничката на МИА од Атина.
Кон крајот на октомври минатата година кога судот во Атина ги соопштуваше пресудите и казните за членовите на Златна зора, 59-годишниот Папас успеа да им побегне на властите.
Иако во изминатиот период во грчките медиуми се споменуваше дека Папас ја напуштил Грција и се крие во некоја од балканските земји, сепак беше уапсен во Атина.
Се криел во домот на 52-годишна жена која, исто така, е уапсена и ќе биде изнесена пред јавен обвинител.
Папас, се очекува денеска да биде пренесен во некој од грчките затвори.
Портпаролката на грчката Влада Аристотелиа Пелон, рече дека со „апсењето на Христос Папас, конечно се затвора поглавјето на криминалната организација“.
Ново на Сител
-
Трамп положи заклетва за претседател на САД
-
Двајца велешани физички нападнале жител на Чашка и го оштетиле возилото во кое се превезувал
-
МВР: Фатен бегалец од КПУ Затвор Идризово
-
Кривична пријава за загрозување на сигурноста и затајување против началник во МВР
-
Кривична пријава против битолчанец за кражба на дрва
-
Си префрлила 396.234 денари од компјутерот на слот машини за да се коцка, кривична за 28-годишна Кочанка
-
Кривична пријава против двајца Турци за фалсификување исправа
-
Нови два случаи на Ковид-19, во 2025 вкупно 13 заболени