-->
-->
По апелот на Карчовски родителите на учениците од ОУ ,,Димитар Македонски” излегоа на протест
-->
Пред две недели на својот Фејсбук профил Јован Карчовски објави слики со ужасна глетка од училиштето Димитар Македонски во Лисиче.
Вчера родителите на учениците од основното училиште ,,Димитар Македонски” по неговиот апел, излегоа на мирен протест и го изразија своето незадоволство поради тоа што учениците не можат да почнат настава со физичко присуство како и сите други основни и средни училишта.
Причината за тоа што учениците немаат физичка настава е тоа што училиштето се гради четири години и сеуште не е завршено.
„Лисичани и Јован Карчовски оп, Златко Марин скок!
Многу ми е драго што некои од моите постови со кои ја критикувам неработата и јавашлукот на градоначаникот Златко Марин наидоа на “разбирање” од страна на градоначалникот и некои проблеми дури и се решија. Да, знам дека сето ова е под пристисок на предизборната кампања, знам дека Марин ја пее својата лебедова песна, но сепак ова покажува дека граѓанскиот притисок може да донесе успех, дури и кај најмрзливите градоначаници. Ова е училиштето Димитар Македонски во Лисиче. Под силен притисок на родителите, ветено им е дека ќе биде пуштено на 1-ви септември. Но даските на кровот стојат така веќе три недели и ништо не се работи. Ајде Марине, стегни заби и доврши им го училиштето за децата од 1-ви септември да можат да тргнат на училиште. Ајде Марине, обели малку образ на крајот. А од октомври ќе има и нови училишта, и нови градинки, и нема да има кафеани во училишните дворови. Ќе има поубав Аеродром и Лисиче“, напиша Карчовски на ФБ.

Ново на Сител
-

Расчистен случај со лажна сообраќајка, уапсен скопјанец што измамил жена за сума од 2.000 евра и 1.000 долари
-

Изборот на Ненад Савески за нов државен јавен обвинител утре на собраниска седница
-

Македонски државјанин уапсен во Грција - со мотоцикл возел со брзина од 223 километри на час
-

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ со нови сведоци на Обвинителството
-

Уште една група македонски граѓани денеска треба да бидат евакуирани од Блискиот Исток
-

Трамп: Мислам дека со Куба можам да правам што сакам
-

Македонските граѓани се повеќе ги користат услугите на е-влада, но се уште сме далеку под просекот во ЕУ
-

Четиристотини загинати во ракетен напад врз болница во Кабул