По 20 години Грција и Кипар одново се поврзуваат со редовна бродска линија
Точно напладне од пристаништето во Лимасол тргна траектот за атинското пристаниште Пиреас, што по над 20 години повторно ќе ги поврзе Кипар и Грција со редовна бродска линија, јави дописничката на МИА од Атина.
Траектот плови под кипарско знаме, има капацитет да прими 400 патници и над 100 возила и предвидено е да сообраќа четири пати седмично, а патувањето трае 30 часа .
Пред тргнувањето на траектот, се одржа и свеченост во Лимасол, на која се обрати кипарскиот претседател Никос Анастасиадис, кој рече дека „денешниот ден има историски карактер“, со оглед на тоа дека двете земји се поврзуваат по 20 години и додаде дека сепак, најважно е тоа што на многу граѓани кои им од различни причини, дали поради страв од авиони или затоа што сакале да патуваат заедно со нивните возила, сега им се дава можност да патуваат за Грција.
Според грчките медиуми, од Кипар за Грција со првиот траект патуваат министри од двете земји. Пред повеќе од две години, односно пред почетокот на пандемијата надлежните министри од двете земји ја разгледаа можноста одново да се воведе бродска линија што ќе ги поврзе Грција со Кипар. Кипарските медиуми тогаш објавија дека Никозија очекуваше одговор од Европската комисија за грант од пет милиони евра годишно за три години за одново да се воведе линијата.
Двете земји, според истите информации за прв пат бродски се поврзале во 1960 година, а линијата ги поврзувала пристаништата од Кипар, Грција, Израел, Либан и Египет.
Во 2000 година, бродскиот сообраќај бил прекинат бидејќи линијата била економски непрофитабилна компаниите поради намалениот број патници.
Ново на Сител
-

МВР: Пожарот настанал во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, нема повредени
-

Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, деветмина возеле без возачка дозвола
-

Четири лица лишени од слобода за семејно насилство, вкупно пет пријави во последното деноноќие
-

Малолетничка со породилни болки донесена на Клиниката за гинекологија, мајката е приведена
-

Папата Лав XIV лично ќе ја претстави својата прва енциклика за вештачката интелигенција
-

Жолт метеоаларм во Париз поради топлотниот бран, Велика Британија пред соборување три рекорди
-

До крајот на неделата претпладне сончево, попладне дожд и засилен ветер
-

Шампионска титула за МЗТ Скопје Аеродром
