Македонија
9. December 2021 - 12:23

По 10 месеци струмичките актери се враќаат на сцена

Семејното насилство е проблем за кој мора да се зборува гласно, а сите релевантни чинители во општеството  да направат се за поддршка и згрижување на жртвите бидејќи потреба за тоа има, порачаа од шелтер центарот во Струмица во рамки на кампањата 16 дена активизам против семејното насилство.

За две години колку што постојат тие обезбедиле сигурна средина и кров над глава на преку 40 жени, од кои најголемиот дел мајки со мали деца, бројка за која велат дека треба да биде аларм за будење на сите во општеството во врска со овој проблем.

За да може заедницата да помогне  жртвите не треба да молчат, туку да зборуваат гласно и да побараат помош порачуваат  од Струмичката Епархија на МПЦ, но и од општина Струмица  кои се вклучени како партнери на граѓанскиот сектор во реализацијата на проектот за шелтер Центар.

Во рамките на кампањата против семејното и родово базираното насилство беше промовиран и документарен филм инспириран од секојдневието на жртвите на семејното насилство, насловен Сама, осудена или заштитена.