Спорт плус
13. October 2018 - 13:09

ПМ Пинг понг: Осум екипи во битка за шампионскиот трофеј

Со натпреварите во втората лига пегион 1 и регион 2 на 29 септември започна сезоната 2018/19 во пинг понгарското првенство.Во тековната сезона се натпреваруваат повеќе од 30 клубови, што е рекорден број на клубови за наши услови. Првенството во двете најквалитетни натпреварувања Супер и Првата лига започна изминатиот викенд во неделата на 7 октомври. Во Супер и Првата лига системот на натпреварувања е турнирски, така што на секој турнир се играат по две кола од прванството.  Во супер лигата се натпреваруваат 8 клубови, и тука се очекува првенството да биде најинтересно поради изедначеноста на квалитетот кај шест од осумте клубови кои се натпреваруваат во оваа лига. Во Супер лигата се натпреваруваат екипите на Телеком НЕЦ, Работнички и Вардар, екипи кои се од Скопје, штипските екипи Шампион ФА и УГД Гоце Делчев, прилепските Младост и Младост 96, и Мултитекс од Битола. Првите две кола во супер лигата донесоа многу интересни натпревари во кои екипите на Вардар, Телеком НЕЦ и Младост забележаа по две победи.Во екипите на Младост и Телеком НЕЦ настапува по еден играч од Србија, со што дополнително е зголемен квалитетот на играчи кои настапуваат во Супер Лигата. Изненадувачки се двата порази на екипата на Младост 96 од Прилеп која го има еден од најмладите состави во лигата, екипа која сигурно по лошиот старт сигурно ќе атакува на висок пласман. Во Првата лига исто така настапуваат осум екипи: Струга, Радовиш, Пошта 2, Дебар Маало, Студент, Кочани, Пелистер и Борец ТИМ. По првите две кола како главни кандидати за првите две места кои на крајот на сезоната носат пласман во Супер лигата(првата екипа директен пласман, втората екипа преку бараж) се наметнуваат екипите на Кочани и Радовиш.

Следните две кола во најквалитетните Супер и Прва лига на календарот се во недела 14 Октомври и носат неколку интересни натпревари после кои ќе се знае која екипа од водечките три екипи е во најдобра форма.

За сезоната 2018/19 во првенството во Супер и Првата лига за прв пат изготвена е програма за статистика на секој играч, со што ќе се има преглед на учинокот на секој играч поединечно.

 Во тековните активности на ППФМ кои претстојат во прв план се завршните подготовки околу отворањето на школатата за млади играчи, за која што цел ангажиран е врвен тренер,Владимир Закиќ од Војводина, Србија и македонсгата легенда на овој спорт Миле Петрески повеќекратен сениорски првак. Целната група на школата се играчи од најмладата генерација од 6 до 14 години. Закиќ и Петрески исто така ќе работат и со членовите репрезентациите во пинг понг. 

Како резултат на добрата организациска поставеност на ППФМ на чеко со претседателот Горан Тиловски, Македонските репрезентативци по долгоогдишна пауза учествуваа на Европското првенство во поединечна конкуренција.

 Исто така ППФМ е организатор на Балканското првенство за јуниори и пионери кое ќе се одржи од 12 до 16 јуни наредната година во Скопје. 

Во секој случај пред нас претстои интересна сезона со многу збиднувања во пинг понгот во Македонија.