ПМ Пинг понг: Две победи на Вардар
Во неделата на 14 Октомври во СЦ Форца во Скопје се одигра вториот турнир од пинг-понгарското првенство во двете најквалитетни лиги во Македонија. На програмата на вториот турнир беа третото и четвртото коло.
Во третото коло од Супер лигата најинтересен беше натпреварот Вардар - Телеком НЕЦ, двете екипи во првите две кола запбележаа победи. Победата ја однесе актуелниот шампион на Македонија, екипата на Вардар. Најинтересен на натпреварот беше дуелот помеѓу Државниот првак на Македонија Кристијан Станојковски и Милош Миленковиќ од Србија кој настапува за екипата на Телеком НЕЦ. Како победник од овој дуел излезе Станојковски, кој со 3:1 го совлада Миленковиќ.
Во четвртото коло Телекомци повторно го играа дербито на колото против екипата на Младост од Прилеп. Оваа средба заврши со победа на Младост, а најинтересен и најнеизвесен беше дуелот помеѓу Јочкоски од Младост и Жоговски од Телеком НЕЦ. Победата од овој дуел ја однесе Јочкоски со 3:2 кој петтиот решавачки сет го доби со 12:10.
Екипата на Младост 96 од Прилеп која го има најмладиот состав во лигата се рехабилитираше по почетните два порази и во третото и четвртото коло забележа убедливи победи, и ги потврдија очекувањата за висок пласман на нивната екипа.
Најлош скор во Супер Лигата има екипата на Мултитекс од Битола која во досегашните натпревари претрпе убедливи порази.
Во првата лига фаворитите за првите две места екипите на Кочани и Радовиш продолжија во победнички ритам, забележувајчи убедливи победи и имаат максимален број на бодови на прволигашката табела.
Супер лига 3 коло резултати:
Вардар - Телеком Нец 4:2
Мултитекс - Младост 96 0:4
Шампион Фа - УГД 4:0
Работнички - Младост 1:4
Супер лига 4 коло резултати:
Телеком НЕЦ - Младост 2:4
УГД - Работнички 0:4
Младост 96 - Шампион ФА 4:1
Вардар - Мултитекс 4:0
Табела Супер Лига
- Вардар
- Младост
- Телеком Нец
- Младост 96
- Работнички
- Шампион ФА
- УГД
- Мултитекс
Прва лига 3 коло резултати:
Радовиш - Студент 4:0
Пошта 2 - Струга одложена
Пелистер - Борец ТИМ 4:1
Дебар Маало - Кочани 0:4
Прва лига 4 коло резултати:
Студент - Кочани 0:4
Борец ТИМ - Дебар Маало 3:4
Струга - Пелистер одложена
Радовиш - Пошта 2 4:1
Табела Прва Лига
- Кочани
- Радовиш
- Дебар Маало
- Студент
- Пошта 2
- Пелистер
- Борец ТИМ
- Струга
Следниот турнир се игра на 21 Октомври во Прилеп, во спортската сала на ОУ Добре Јовановски со почеток во 10 часот и 30 минути. Во рамките на третиот турнир ќе се одиграат петтото и шестото коло од Супер и Прва Лига.
Ново на Сител
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Ќе пропадне ли интерпелацијата на ДУИ за претседателот на Уставен?
-
Тема на денот со Орце Ѓорѓиевски, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
-
Времено затворен граничниот премин Блаце, пожарот се движи кон с. Бразда
-
Прва жртва на пожарите
-
400 невработени ќе може да се пријават за гаснење пожари, плата 24.000 денари
-
Скок на инфлацијата во јуни, премиерот наскоро најавува мерки
-
Олеснување на постапка за работни дозволи и престој на странци, како и пониски царини бараат странските компании од владата