Плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец добива нов лик

Забрзано се одвиваат работите на проектот за реконструкција на плоштадот „Гоце Делчев“ во Пустец, со чија рализација седиштето на општината ќе добие нов современ лик.
Градоначалникот на Пустец, единствена македонска општина во Албанија, Едмонд Темелко рече дека благодарение на поволните временски услови работите се одвиваат со забрзана динамика и доколку се оди според планот плоштадот треба да биде завршен до крајот на март.
- Со тоа Пустец, како седиште на нашата општина ќе добие нов урбан лик, истакна Темелко, додавајќи дека плоштадот, кој се наоѓа во близина на црквата „Св.Архангел и Михаил“ е проект финансиран од Фондот за развој на Албанија во висина од 29.097.058 леки.
Проектот предвидува поплочување на плоштадот, изградба на канализација за отпадни води, поставување клупи за одмор, засадување дрвја и хортикултурно уредување, како и обнова на фасадите на околните објекти.
Со цел да се запознае одблиску со текот на работите деновиве во Пустец престојуваше Енглантина Ѓермени, министерка за урбан развој во албанската влада. Таа имаше средба со градоначалникот Темелко, а ја посети и црквата „Св.Архангел Михаил“.
Ново на Сител
-

Експерти: Промената на власта во Унгарија нема да влијае на односите со македонската влада
-

Тема на денот со Илија Димовски, поранешен пратеник
-

Поевтинуваат горивата
-

По промените, Филипче бара ревизија на договорите на Мицкоски со Орбан
-

Вицепремиерот за европски прашања очекува позитивен извештај од ЕК
-

Предметот „Талир 2“ доби нов јавен обвинител
-

Поранешната антикорупционерка Димитровска не се чувствува виновна
-

МВР најави 24 часовен „радарски маратон“
