Балкан
1. јуни 2016 - 17:46

Плинска боца разнесе автомобил во центарот градот - За среќа, возачот неповреден!

Возачот на автомобилот кој попладнево се запалил на улицата Војвода Степе, во Белград, за среќа не е повреден.
 
Несреќниот човек кој не сакал да го открие идентитетот, за српски Телеграф вели дека се се случило наеднаш.
- Сетоа ова се случи додека чекав на семафорот. Експлодираше плинската боца, - изјавил видно потресениот возач.
 
Поради несреќата бил блокиран сообраќајот во тој дел на градот, се додека не дошла шлеп служба да го тргне автомобилот.