Плинска боца разнесе 82 лица

Бројот на жртвите од експлозијата на плинска боца во ресторан во градот Петлавад, во централната индиска држава Мадхија Прадеш се искачи на 82 лица, соопшти главниот медицински службеник во Јабуа округот, Арун Кумар Шарма.
- Обдукцијата на 60 тела е завршена, а уште 22 се на чекање, додека повредени се околу 100 лица, рече тој.
Ресторанот, кој се наоѓа во близина на автобуската станица во градот, бил преполн кога експлодирала боцата. До експлозијата дошло околу 8:30 по локално време, во момент кога во ресторанот појадувале голем број работници и ученици, соопшти полициската службеничка Сима Алава, пренесува Танјуг.
Таа дополни дека од експлозијата урната е и блиската зграда, додека неколку се оштетени. Бидејќи ресторанот се наоѓал во близина на место каде се држи експлозив кој се користи во градежната индустрија, дојде до уште една експлозија, во која исто така имаше загинати лица.
Петлавад е на 300 километри западно од државната престолнина Бопал.
Ново на Сител
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
-

Автомобил излета од патот во виничко, возачот почина
