Балкан
7. October 2015 - 11:40

Плевенлиев: Бугарија е за интеграција на Западниот Балкан во ЕУ

Бугарија се залага за активна соработка во балканскиот регион и за интергација на сите држави од Западниот Балкан во ЕУ, изјави денеска во Софија бугарскиот претседател Росен Плевнелиев.

Во обраќањето на Бугарско-албанскиот бизнис форум во Софија, на кој присуствува и неговиот албански колега Бујар Нишани, Плевнелиев нагласи дека развојот на трговско-економските односи меѓу државите од Балканскиот Полуостров е од клучно значење за Бугарија,

- Бугарија и помага на Албанија. Ние сме подготвени во иднина да ја продлабочиме нашата соработка во сите можни правци, изјави Плевнелиев.  

Како што јави БТА, тој нагласи и дека Бугарија е подготвена да и помогне на Албанија со своето искуство во процесот на евроинтеграцијата.

- Бугарија денес е пример за коректно и ефиксано користење на еврфондовите, посочи Плевнелиев во обраќањето.