Пленковиќ во Собранието: Мојата посета е нов чекор во продлабочување на нашите квалитетни односи
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, кој е во официјална посета на земјава, во своето обраќање пред пратениците во Собранието оцени дека неговиот престој во Скопје претставува нов чекор во продлабочување на нашите и онака квалитетни односи.
- Не само што Хрватска и Северна Македонија немаат отворени проблеми, туку и нашите односи секој ден се поблиски и посодржински. Тоа особено откако Северна Македонија стана членка на НАТО, со што станавме сојузници, истакна Пленковиќ.
Ја повтори, како што кажа, цврстата поддршка што Хрватска и го дава на Северна Македонија за европскиот пат.
- Посебно ми е мило што мојот поранешен и некогашниот главен советник Владимир Дробњак сега е советник на вашата Влада и ви ги пренесува искуствата што тој лично ги има. Хрватска оваа година ќе одбележи десет години членство во ЕУ. Во 2022 Хрватска стана дел од Шенгенскиот простор и дел од Еврозоната. Сега можеме да кажеме дека во овој процес во целост е заокружен, што значи дека влеговме во еден безбедносен процес, рече Пленковиќ.
Хрватскиот премиер рече дека нашите пријателски односи датираат пред официјалното воспоставување на дипломатските односи за што лани одбележавме 30 години, како и дека овие односи најмногу се должат на меѓусебно разбирање и на нашите народи и на нашите култури.
На свечената седница присуствуваа и претседателот на државата Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, министри во Владата, претставници на судската власт, лидери на верските заедници, амбасадори и претставници на дипломатскиот кор.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против двe лица кои со измама изнудувале пари од охриѓани
-
Сообраќајка на патот Битола - Демир Хисар, сообраќајот во прекин во двата правца
-
Прв закон за реорганизација на управата
-
Демири бара од Владата итно да се смени компресорската станица за да проработат хируршките сали
-
Претседател на Уставен суд не се одбра, седницата продолжува утре
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено