Пленковиќ попладне ќе добие мандат за состав на новата хрватска Влада
Претседателот на Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Андреј Пленковиќ, денеска попладне од претседателката на Хрватска, Колинда Грабар Китаровиќ, ќе добие мандат за состав на новата хрватска Влада, откако со потписи ќе докаже дека ја има поддршката на просто мнозинство од избраните пратеници.
Пленковиќ ќе ја посети хрватската претседателка откако е постигнат договор за составување на Влада меѓу ХДЗ и Мост, со поддршка на националните малцинства и други партии, и како што се очекува, ќе и предаде повеќе од 90 потписи за поддршка да биде мандатар на новата хрватска Влада, јави Хина.
Откако ќе го прифати мандатот, според Уставот, Пленковиќ е должен во рок од 30 дена на Саборот да му ја претстави новата програма на Владата и нејзините членови како и да побара гласање за доверба.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор