Балкан
25. November 2019 - 15:20

Пленковиќ очекува штрајкот во образованието денеска да заврши

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ денеска повтори дека го почитува правото на штрајк на вработените во кој било сектор, но во исто време ги повика синдикатите на вработените во образованието да се замислат дали не би било добро децата што побрзо да тргнат во училиште.

Пленковиќ очекува денеска да заврши штрајкот на синдикатот на вработените во образованието, кој трае повеќе од еден месец, ќе биде завршен денес, и тврди дека Владата има решение.

– Ако прашањето беше дали ја слушнавме пораката, ја слушнавме. Дали ги зголемивме платите во досегашниот мандат? Да. Дали ќе ги зголемиме за шест проценти? Да. Дали ќе се зголеми платата за 18,3 проценти ? Да, рече Пленковиќ, кој тврди дека овој штрајк на просветните работници бил исполитизиран.