Пленковиќ: Акцијата „Агрокор“ не е политички прогон

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во врска со претресот на становите на поранешните директори на „Агрокор“, вклучувајќи го и сопственикот Ивица Тодориќ, уверува дека не се точни тврдењата дека тоа претставува политички прогон и не постои налог од државниот врв.
Неколку часа по големата полициска акција за претрес, Пленковиќ истакна дека тоа можеби не и е јасно на хрватската јавност и повторно го заштити својот министер за финансии Здравко Мариќ.
- Не обвинуваа дека штитиме еден господин и неговата компанија, но сега се покажа дека не е така, нанагласи Пленковиќ, додавајќи дека како премиер не планира да ги коментира деталите од тој процес, што е надлежност на Јавното обвинителство и кој може да има „судски епилог“.
Според него, „избегнат е голем цунами и кон проблемот не е пристапено популистички“.
Надлежниот Жупаниски суд издаде судски налози за спроведување истрага над 15 лица. Полицијата денеска изврши претреси и криминалистички истраги поради сомневање дека се извршени кривични дела против стопанството и фалсификување податоци
Во акцијата досега се уапсени пет лица и тоа поранешниот финансиски директор на „Агрокор“ Иван Црњац, екс извршната копретседателка и десна рака на Ивица Тодориќ - Љерка Пуљиќ, поранешната членка на управата Пирушка Цањуга, поранешниот член на Надзорниот одбор Томислав Лучиќ и еден од блиските на Тодориќ, Дамир Куштрака, кого стечајниот управник Антон Рамљак го ангажирал како свој советник.
Хрватската политица утрово, во рамки на акцијата „Агрокор“, изврши претрес во „Кулмеровата палата“ во Загреб, сопственост на основачот на концернот „Агрокор“, Ивица Тодориќ.
Ревидираниот финансиски извештај за Агрокор Група и Агрокор д.д. покажа дека со години се прикажувала добивка, а компанијата работела со загуби, изразени во стотици милиони евра.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
