Македонија
17. August 2019 - 18:09

Плажите во Охрид без безбедносни предупредувања за туристите

На плажите долж Охридското езеро нема знаци кои ќе ги предупредуваат капачите. Тие одмарајќи на омилените капалишта не знаат каква е конфигурацијата на дното на езерото, каде има карпи, а каде песок, колкава е длабочината на водата на одредени места, кои се црни точки и каде има ризици  кои може да доведат до посериозни последици .И  покрај тоа што во минатото во некои од хотелите и добро уредените плажи имаше информативни табли за жал повеќе  нема.

Ова лето едно лице го загуби животот откако со глава удри во камен скокајќи на плажата Лагадин а многу често може да се забележат и малолетни лица како скокаат од мостови и карпи кои воопшто не се безбедни. Во Охридското езеро најкритично е на југоисточниот дел кај Љубаништа ,Трпејца и Градиште каде дното е нерамно и има карпести предели.

Точков од Црвениот крст најави дека од идната година граѓаните и туристите кои доаѓаат во главниот туристички центар доколку сакаат да знаат каква е температурата на водата кои плажи се безбедни и имаат спасители и каков е квалитетот на водата ќе може тоа да го дознаат преку мобилната андроид апликација.

Инаку спасителите на вода распоредени на 22 плажи во Охрид и на 5 во Струга досега имале околу 25 интервенции на извлекување на давеници и 740 на укажување прва помош.