Плажата „Месечев залив“ во Словенија - една од најубавите во светот
Малата карпеста плажа „Месечев залив“ на словенечкото крајбрежје е прогласена за една од најдобрите во светот од страна на „Биг 7 травел“ – глобална интернет-страница за совети за патувања, објави весникот „Словенија тајмс“.
„Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, најверојатно ќе го имате целото место за себе“, се вели во описот на „Биг 7 травел“.
„Восхитувајте се на неверојатните погледи на Јадранското Море долж една од неколкуте пешачки патеки што се движат низ резерватот или едноставно впијте го сонцето“, се додава.
Инаку, „Месечевиот залив“ се наоѓа во природниот резерват Струњан и до него може да се стигне само пеш. Тоа е неразвиена плажа без удобности во подножјето на црвеникави карпи коишто постепено преоѓаат во маслинови градини и лозје.
Ново на Сител
-
Есенската кошница ќе содржи пекарски и млечни производи, ориз, грав, месо, овошје и зеленчук
-
Само една фирма конкурирала на тендерот за нова компресорска станица на Клинички
-
Преглед на вестите од светот
-
Законот за бранители предизвика тензии во Собранието
-
Поранешните членови на Историската комисија се жалат на притисоци
-
Премиерот задоволен од интересот на општините
-
Филипче: СДСМ е против задолжување кај Унгарија
-
Преглед на вестите од светот