-->
-->
Платформата од Тирана ќе се реализира во фази- Петковски потврди дека ќе отпочне процес на промена на химната, знамето и грбот
-->

Коалицискиот партнер на Зоран Заев, Тито Петковски од НСДП потврдува дека ќе отпочне процес на промена на химната, знамето и грбот, и дека платформата од Тирана ќе се реализира во фази.
Петковски при гостувањето во дебатна емисија на Телевизија 24 запрашан дали нему нема да му пречи да има промена на химната, промена на симболи, на знаме, на државен грб, односно што е се испреговарано, лидерот на НСДП вели дека тоа не било тема која што е услов да се потпишел договорот за коалицирање.
-Прво, тоа не е тема кое што е услов да се потпише договорот за коалицирање. Тоа се прашања за кои ќе се отвори дебата. Експерти, научници политички партии итн. Од земјата од странство ќе седнат ќе дебатират што е она што ги разделува етничките заедници, што е она што може да ги зближи значи го бараме мостот кој што ќе не поврзува, рече Петковски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Гориво со попуст за граѓаните се извезувало во странство?!
-

Грција привремено го суспендираше системот ЕЕС
-

Уште 3.000 граѓани заминале за Грција
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со обвинувања кој ја блокира ЕУ агендата
-

СДСМ бара истрага за унгарскиот кредит
-

Нападот врз синагогата во Скопје бил внимателно планиран
-

Лекари од Македонија кои работат во странство преку телемедицина ќе лекуваат пациенти во земјава
-

Сезонските работници во угостителството наголемо заминуваат, угостителите пак се надеваат на средношколците
