Платформа за родова еднаквост: Да се измени ретроградниот закон за прекинување на бременоста

Платформата за родова еднаквост, ќе бара од Владата измени на постојниот закон со кој се регулира абортусот, со експертска помош на Светската здравствена организација и учество на граѓанските здруженија, а од Министерството за здравство повлекување на Правилникот за содржината и начинот на советувањето на бремената жена пред прекинувањето на бременоста.
Од Платформата бараат до донесувањето нов правилник врз основа на нов Закон за прекинување бременост да се применуваат насоките за безбеден и легален абортус на Светската здравствена организација (СЗО).
Сметаат дека Владата треба да донесе одлука со која трајно се забранува емитување на кој било од видео-спотовите во рамки на медиумската кампања против абортусот „Имаш право на избор. Избери живот“, а Министерството за здравство во соработка со граѓанските организации да спроведе кампања за подигање на свеста за употребата на модерна контрацепција.
Овие барања, како што соопштија од Платформата за родова еднаквост, биле изнесени на денешната стручна расправа „Абортусот не е безбеден доколку е маратон со пречки“ одржана по повод 28 септември – Меѓународниот ден за акција за пристап до безбеден и легален абортус.
- Над 30 претставници на граѓанскиот сектор, стручната фела и надлежните институции, меѓу кои и советникот за здравство на Претседателот на Владата на Република Македонија, Венко Филипче и заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски се согласија околу неопходната потреба од подобрување на ретроградниот Закон и ги поддржаа барањата, се вели во соопштението од Платформата за родова еднаквост.
Во него се додава и дека „изразената политичка волја за решавање на ова горливо прашање и за суштинско подобрување на грижата за женското здравје охрабрува дека конечно во Република Македонија ќе има закон за прекинување на бременоста којшто ќе ги гарантира суверенитетот на жената врз нејзиното тело и нејзиното право на избор“.
Ново на Сител
-

Мелони: Италија покажува силен интерес за заедничко производство на дронови со Украина
-

Трамп: Војната со Иран би можела брзо да заврши
-

Во голема акција на Европол и црногорската полиција уапсени 12 членови на балкански картел
-

Бројот на убиени по пукањето во училиште во Турција се искачи на девет лица, од кои осум се деца | ВИДЕО
-

Турција: Осмоодделенец, син на полицаец, со оружје од татко му во училиште уби четири лица, рани 20 па се самоуби
-

Лавров: Иран има неотуѓиво право да збогатува ураниум
-

Татко се самозадоволувал пред синот и го наведувал да гледа порнографска содржина и да самозадоволува
-

Приведени шест возачи за безобѕирно управување возило, четири возеле без дозвола, а двајца под дејство на алкохол
