Пластичната операција и ја уништи кариерата на Џенифер Греј
Џенифер Греј стекна светска слава со главната женска улога во филмот „Валкан танц“, но според вкупниот филмски опус на оваа актерка, нејзината кариера тргна надолу по овој филм, за разлика од нејзиниот колега Патрик Свејзи.
Прва од трагедиите на познатата актерката се случи во текот на премиерата на „Валкан танц“, кога доживеа сообраќајна несреќа во која загинаа две лица.
Неколку години подоцна дијагностициран и е рак на тироидната жлезда, но успеа да го преброди. Падот на кариерата на актерката следеше откако Греј го оперира носот и го изгуби нејзиното препознатливо обележје.
Многумина не знаат дека во конкуренција за улогата на Френсис Бејби Хасман во „Валканиот танц“ биле и Шерон Стоун и Сара Џесика Паркер, но на инсистирање на Свејси сепак била избрана Џенифер.
Веруваме дека денес Сара Џесика Паркер не се чувствува премногу разочарано поради пропуштената можност, имајќи пред виде дека е омажена со Метју Бродерик, кој во тоа време на снимањето на филмот и беше момче на Џенифер Греј.
Денес, Џенифер има 56 години, мажена е за актерот Кларк Грег и ја има ќерката Стела, а гледачите можат да ја видат во серијата „Red Oaks“.
Ново на Сител
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали
-
Оливер Миланов ја презеде функцијата директор на Агенција за храна и ветеринарство
-
Злате Мехмедовиќ ќе биде новиот директор на Клиниката за физикална медицина и рехабилитација
-
Франција распореди 30.000 полицајци поради страв од немири на денот на изборите
-
Кој е Кир Стармер, идниот британски премиер?