ОН: Планот на Израел за помош е „цинична претстава“
Директорот на службата на ОН за хуманитарна помош, Том Флечер, планот на Израел за дистрибуција на помош во Појасот Газа, го оцени како „цинична споредна претстава, намерно одвлекување на вниманието, смоквин лист за понатамошно насилство и раселување“.
Тој, пред Советот за безбедност на ОН, посочи дека повеќе од 10 недели во Појасот Газа не е дистрибуирана храна, лекови, вода или шатори.
– Можевме да спасиме стотици илјади преживеани. Имаме строги механизми за да осигуриме дека нашата помош ќе стигне до цивилите, а не до Хамас, но Израел ни го негира пристапот, ставајќи ја целта за депопулација на Газа пред животите на цивилите, наведе Флечер.
Според него Израел, кој од 2 март ја блокира помошта за Појасот Газа, „намерно и бездушно“ создава нехумани услови за цивилите во палестинската енклава.
Светска здравствена организација (СЗО) вчера соопшти дека според податоци на Министерството за здравство во Појасот Газа од почетокот на израелската блокада на 2 март починале 57 деца од неисхранетост.
– Тоа е еден од најтешките случаи на масовен глад во светот, изјави претставникот на СЗО во палестинските окупирани територии, д-р Рик Пиперкорн.
Ново на Сител
-

Драган Ковачки нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ
-

Тошковски за Сител: Централниот комитет ќе донесе одлуки во интерес на државата
-

Наскоро „Безбеден Град“ во Охрид и Струга
-

Мицкоски ги укинува партиските потпретседатели, Извршниот комитет ќе е поголем
-

Тема на денот со Трпе Дејановски, претседател на УПОЗ
-

Од Букурешт до Кочани - две трагедии, една иста болна лекција
-

Возење без дозволи под лупа
-

Околу 40 тони марихуана се запленети во Скопје и Струмица
