Планиран атентат на Вучиќ - Дали организаторот незаконски добил македонски пасош?
Радоје Звицер, водач на Кавачки клан подготвувал атентат врз српскиот претседател Александар Вучиќ.
Ваква информација пред 8 дена добиле српските власи од Европол. Освен што ова на прес - конференција го соопшти српскиот министер за внатрешни работи Вулин, за Прва Српска телевија зборуваше и премиерката Брнабиќ. Криминалната група на чело со Звицер убиството го планирала следниот месец, посочи Брнабиќ која се сомнева дека позади криминалецот стои некој друг. Премиерката оваа закана ја оцени како најсериозна од низата претходни, и рече дека приоритет е безбедноста на претседателот.
По овие информации кои веќе го брануваат регионот, па и Македонија, од ВМРО-ДПМНЕ излегоа со нови обвинувања кон власта. Откако опозицијата пред 3 месеци обелодени дека МВР издавало пасоши на светски мафијаши, сега тврдат дека и Звицер добил македонска патна исправа.
Од Министерството за внатрешни ги демнатираат ваквите обвинувања.
Министерството за внатрешни работи најостро ги демантира дезинформациите пласирани од страна на ВМРО-ДПМНЕ дека на извесен Радоје Звицер, му бил издаден македонски пасош. Потсетуваме и дека случајот „двојник“ е расчистен и за тоа веќе се изречени и судски пресуди, а сите патни исправи поврзани со оваа истрага се поништени во управна постапка и истите не се валидни односно не можат да се користат,се вели во сопштението на министерството.
На ист став е и СДСМ од каде велат дека опозицијата шири лажни вести и се обидувала да ја опстуира и акцијата Двојник, за која имаше и судска пресуда, а казни добија 4-ца вработени во МВР кои издавале пасоши на лица со криминално досие.
Дезинформациите пласирани од Белата палата дека на лице кое правело заговор за атентат врз српскиот претседател му бил издаден македонски пасош се демантирани од Министерството за внатрешни работи.
Ако ВМРО-ДПМНЕ има информации дека конкретното лице има македонска патна исправа со друго име, нека ја сподели со институциите, но поважно ќе биде да соопшти од каде таа партија има информации кои ги немаат ниту Интерпол ниту Европол.
ВМРО-ДПМНЕ во текот на полициската акција „Двојник“ правеше неуспешни обиди да ја саботира, пласирајќи информации, додека акцијата беше во тек,велат од партијата.
Пред неколку месеци на листата со имиња кои се бараат со меѓународна потерница се најде и името на турскиот мафијаш Седат Пекер, на кого МВР му издал македоски пасош со лажен идентитет. Ова го дематираше самиот Пекер но и МВР.
-
Елена Милошевска
Сите содржини од овој новинар