-->
-->
Планирајте ги одморите, ова се неработните денови во 2017
-->

Согласно Законот за празници на Република Македонија ова се неработните денови во следната 2017 година:
За сите граѓани на РМ
- 1 Јануари (недела), Нова Година, односно 2 јануари (понеделник) е неработен ден
- 7 јануари (сабота), Божик, првиот ден на Божик според православниот календар
- 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар
- 1 Мај (понеделник), Ден на Трудот
- 24 Мај (среда), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители
- 27 мај (сабота), првиот ден на Рамазан Бајрам
- 2 Август (среда), Ден на Републиката
- 8 Септември (петок), Ден на независноста
- 11 Октомври (среда), Ден на народното востание
- 23 Октомври (понеделник), Ден на Македонската револуционерна борба
- 8 Декември (петок), „Св. Климент Охридски”
***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.
За граѓаните од православна вероисповед
- 6 јануари (петок), Бадник, ден пред Божик
- 19 Јануари (четврток), Богојавление (Водици)
- 14 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден
- 1 јуни (четврток), Духовден, петок пред Духовден
- 28 август (понеделник), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)
За граѓаните од католичка вероисповед
- 17 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден
- 1 Ноември (среда), Празникот на сите светци
- 25 Декември (понеделник), првиот ден на Божик
За граѓаните од муслиманска вероисповед
- 2 септември (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам
За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ
- 22 Ноември (среда), Ден на Албанската азбука
За граѓаните припадници на српската заедница во РМ
- 27 Јануари (петок), Свети Сава
За граѓаните припадници на ромската заедница во РМ
- 8 Април (сабота), Меѓународен ден на Ромите
За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ
- 23 Мај (вторник), Национален ден на Власите
За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ
- 30 септември (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур
За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ
- 28 Септември (четврток), Меѓународен ден на Бошњаците
За граѓаните припадници на турската заедница во РМ
- 21 Декември (четврток), Ден на настава на турски јазик
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Расте понудата, но расте и цената – апсурдите на пазарот на недвижности
-

Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија и труд
-

Пратениците пешки, со автобус или два часа порано на работа поради блокадите на ССМ
-

Мицкоски гледа политичка заднина во протестите на ССМ
-

Транспаренси: Македонија без напредок во корупцијата, критики за неуспешни реформи во правосудството
-

Ќе се чешлаат сите лиценцирани фирми за канабис, премиерот очекува заплена и до 100 тони
-

Мицкоски: Има политичка волја за правосуден и на други јазици
-

Вештак од Словенија открил низа пропусти во лекувањето онколошки пациенти во Македонија
