Македонија
28. May 2023 - 16:36

Планинските спасувачи во охридско со полни раце работа - последниот пример е спасување на Данец на Галичица

Спасителите на планина со полни раце работа.По несреќата деновиве кога дански државјанин падна од четирицикл и со тешки повреди заврши во болницата за ортопедија и трауматологија Свети Еразмо,охридската служба  апелира до посетителите на поголема внимателност и почитување на  основните правила за движење на планински терен.

Изгубени, дезориентирани, паднати , повредени во провалија, заглавени се најчестите интервенции на планинската служба.

Спасителната планинарска служба се грижи за сигурноста на граѓаните и на туристите . До сега спасителите интервенирале во едно пребарување кое завршило фатално и огромен број на извлекувања на заглавени возила на Галичица.