Планинарска акција „По патот на комитите“
Во организација на Здружението за планинарење и заштита на планината „Калин Камен“, се одржа втората планинарска акција „По патот на комитите“.
-Акцијата се организираше во пресрет на Денот на македонската револуционерна борба и македонска независност, а ние сме презадоволни од интересот за учество. Одзивот беше голем, стотина планинари ги искористија поволните временски услови за овој период од годината и беа дел од планинарската авантура низ Осоговските планини, истакна Соцко Тасевски од ЗПЗП „Калин Камен“.
Патеката е хоризонтална, со должина од околу 28 до 30 километри и нема некои поголеми искачувања или спуштања. Планинари и рекреативци од разни возрасти имале можност да уживаат во прекрасните пејзажи на овој планински крај.
- Стартот на патеката беше езерото Калин Камен, минавме преку месноста Слана Бара, до т.н. Комитска колиба со пространи пасишта над локалитетот и прекрасни шумски предели каде природата ги распослала сите бои на есента. Ги посетивме изворите на Дурачка Река кај Чашка, прдолживме кон Бел Камен и Бабина чешма, а паузата за ручек беше на Столев Врв. Оттаму рутата мина низ Костадиница преку Корија, до Дурачка Река, рече Тасевски.
На овој начин, ЗПЗП „Калин Камен“ го одбележа 23 Октомври. Од Здружението ги поканија сите кои имаат слободно време и желба за дружење да им се придружат на следните планинарски акции предвидени со годишниот календар.
Ново на Сител
-
33 интервенции на пожари од почетокот на годинава во охридскиот регион
-
Јавните комунални претпријатија имаат недостаток на стручен кадар
-
Преглед на вестите од светот
-
На скопската брза помош и треба итна помош за вработувања
-
Џеј Ди Венс: Најголемата закана за Европа доаѓа од внатре
-
Тема на денот со Тоше Зафиров, политиколог
-
Таравари бара во пакет со симболите да се решат и етнички прашања, за ВМРО-ДПМНЕ на маса е само промената на грбот
-
Стартува Минхенската конференција - Ќе донесе ли трајно решение за руско-украинската војна?