Балкан
13. April 2017 - 15:01

Плаќаат по илјадници евра за млади Албанки а кога ќе ги видат остануваат во шок!

Неколку мажи од Црна Гора биле измамени, откога платиле за млади невести од Албанија но никогаш не ги добиле.

Еден маж, кој сакал да остане анонимен, поради тоа што се срами, тврди дека дал 2.500 евра за невеста од Албанија која никогаш не ја видел.

- Би сакал да ги предупредам сите кои ќе се одлучат на ваков чекор, да бидат многу вниметелни, за да не им се случи истото -предупредува овој човек

- Многу од моите соселани се оженија со невести од Албанија и сите се многу големи домаќинки, па затоа најдов посредник за да го направи истото за мене. Најдов посредник, кој побара 3000 евра за да му плати на семејството. Му дадов само 2.500 евра зошто само толку имав, а остатокот требаше да ми го дадам откако ќе ја заврши работата. Ми донесе фотографија од потенцијалната невеста, ми се допадна па тргнавме да ја земеме. Кога отидовме таму нејзиното семејство, ми покажа друга девојка, која беше многу постара и очигледно со хендикеп, наводно девојката која јас ја избрав била кај некои роднини во друг град. Па се договоривме да одам пак за два недели - рекол тој

- Во меѓувреме ми се јави посредникот, и ми кажа дека семејството било многу навредено, и дека нема да ми дадат невеста, и нема да ми ги вратат парите, па ми бараше уште пари за да ми најде друга невеста, но несакав зошто веќе изгубив доверба во него - рекол човекот.

Друг маж пак дал 10.000 евра за невеста и патувал 8 пати до Албанија, а невеста сеуште нема. Тој се сомнева дека ова е поврзан ланец на измама. 

- Заработуваат на туѓа несреќа, бог да ги казни, објасил младоженецот.

Тој кажал дека на крај усеал да доведе Албанка за која платил 3.000 евра, но побегнала.

- Прво бев да ја запознам, па да ја запросам. Такви се обичаите. Дури и нејзината фамилија дојде да види каде живеам. Третиот пат отидов да ја донесам дома. По 17 дена избега, не знам како. Верувам дека и тогаш бев излажан бидејќи подозна слушнав дека во Скадар постојат агениции и дека на нив се плаќа дел од сумата за девојки кои наводно се мажат, а потоа бегаат - открива тој.

По се, тој вели дека на никого не му препорачува преку непознати луѓе да трагаат за невеста од Албанија бидејќи сигурно ќе бидат излажани.

Сакал да се обрати во полиција, но така би изгледало како да се работи за бело робје, па се предомислил.