-->
-->
Плакети за успех и придонес во спортот на Мојсоски и Миркуловски од АМС
-->
Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска на македонските ракометни репрезентативци Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски им врачи плакети за постигнатиот особен успех и придонес во спортот.
Спасески, на денешната средба, на Мојсоски и Миркуловски им се заблагодари за сето она што го имаат направено за македонскиот ракомет, за македонскиот спорт и изрази надеж дека нема прерано спортски да се пензионираат и дека нивната работа во спортот и ракометот тука нема да застане, туки напротив, целокупното знаење и искуство ќе го пренесат на младите генерации.
- Победата над Чешка, иако беше слатка, истовремено беше и горка, затоа што знаевме дека тоа беше последниот натпревар за двајцата наши спортски великани, луѓето кои со своето однесување, посветеност и работа покажаа како треба да се носи репрезентативниот дрес и беа вистински пример за сите останати спортисти. Наумче Мојсоски и Филип Миркуловски се наши ракометни величини, кои оставија траен белег во македонскиот ракомет и македонскиот спорт, воопшто. Како држава и како народ не задолжија и со своите настапи во репрезентацијата покажаа и докажаа како треба да се носи црвено-жолтиот дрес, како треба да се игра со срце и да се гине на терен и се вистински репер за младите и идни ракометари, рече Спасески.
Тој изрази честитки и благодарност на Македонската ракометна репрезентација за големиот успех и пласманот на Светското првенство, по вчерашната победа над Чешка, со која, како што рече, уште еднаш се потврди фактот дека ракометот е спорт број еден во нашата земја, а нашите ракометари се најголеми промотори и спортски амбасадори.
Миркуловски рече дека ова е убав гест од Агенцијата за млади и спорт и е доста значајно за нив како спортисти и долгогодишни репрезентативци.
- Ги задолживме младите. Има добри таленти и не се сомневам дека и они ќе продолжат да ги следат нашите чекори, да не носат на големи светски и европски натпреварувања, се надевам дека ќе го исполнат нашиот сон и ќе не однесат на олимпијада, рече Миркуловски.
Мојсоски изрази благодарност до Агенцијата и Владата за поддршката во изминатите години и за помошта за развојот на ракометот.
- Оваа селекција и овие момци вчера покажаа дека ракометот уште е број еден во оваа држава. Покажаа дека со оваа генерација и уште со некои подмладувања Македонија може да се носи со секого. Се надевам дека младите ќе продолжат со тоа, изјави Мојсоски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ: Мицкоски да го праша Орбан зошто унгарскиот амбасадор гласал за одвојување на Македонија и Албанија
-
Сиљановска Давкова на прием кај Бајден
-
АХВ: По сомнежот на труење со храна во „Ѓорѓија Пулевски“ наредено затворање на кујната
-
Мицкоски: Унгарија е наш стратешки сојузник, продолжува економската соработка помеѓу двете држави
-
ДЗС и Народна Банка потпишаа договор за соработка и размена на податоци
-
Oрбан: Грешка е што преговорите на Северна Македонија со ЕУ се’ уште не се започнати
-
Ученици од ОУ „Ѓорѓија Пулевски“ со симптоми на труење
-
Со возило излетал од пат во Ѓорче Петров, загина 72-годишник