Плакети за повеќекратните дарители на крв во општина Гази Баба

Општина Гази Баба и Општинската организација на Црвениот крст „Гази Баба“ денеска им доделија плакети и благодарници на повеќекратните дарители на крв. Со тоа се одбележаа 72 години од формирањето на Црвениот крст во Република Македонија и 40 години од формирањето на општинската организација на Црвениот крст „Гази Баба“.
Крводарители кои дарувале 25 и повеќе пати крв се Зоран Кушен – МЗТ, Ангелина Давитковска од АД „Алкалоид“, Игор Савевски –Колонија Идризово, Борче Ангелески, Ивица Јакимовски, Бранко Ѓорѓиевски, Јане Бошески, Зоран Цаневски, Горан Петровски и Зоран Спасовски, сите од ЈСП Скопје.
Крводарителите кои дарувале 75 и повеќе пати крв се Драган Стојановски, Миќо Стојановски и Ивица Глоговац од ЈСП Скопје, а крводарител кој дарувал 100 пати и повеќе крв е Марјан Јаневски од ЈСП Скопје.
Најдобра работна организација на подрачјето на општина Гази Баба за 2016 година е МВР - Центар за обука, со дарувани 769 единици крв. Најдобро средно училиште на подрачјето на општина Гази Баба за 2016 е СЕТУГС „Михајло Пупин“, а најдобра високообразовна институција е Факултет за земјоделски науки и храна- Скопје.
Најдобар мотиватор за крводарителство на подрачјето на општина Гази Баба за 2016 година е Дејан Здравевски од ЈСП Скопје.
- Општинската организација на Црвениот крст „Гази Баба“ во 2016 година од вкупно планираните 2.835 единици крв има реализирано 52 акции и има собрано 4.775 единици крв. Планот за 2016 година е исполнет со 1.940 единици крв повеќе од планираното, соопшти општина Гази Баба.
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Партиски конгрес на ДУИ - Ахмети реизбран за претседател
-

Родителите на починатите во „Пулс“ бараат проширување на истрагата
-

Тема на денот со Тамара Котеска, режисерка на „Приказната за Силјан“
-

Пиротехниката не е забава, СВР Струмица и Црвениот крст апелираат за безбедни празници
-

Конгрес на ДУИ
-

Анкета на ИПИС: ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во убедливо водство
-

Обвинение за пратеникот Јанчев кој учествуваше во сообраќајка во која загина тинејџер
