Македонија
24. February 2017 - 12:17

Плакета од пензионерите за градоначалникот Латиновски

Здружението на пензионери на општина Бутел, денеска му врачи плакета на градоначалникот Петре Латиновски за особен придонес во развојот на пензионерското организирање во Македонија. 

Претседателот на Сојузот на пензионери на Македонија Драги Аргировски изрази благодарност за досега отворените пет пензионерски клубови на територијата на оваа општина за многу кусо време и како и за севкупното залагање и грижа за пензионерите.

Градоначалникот Латиновски истакна дека пензионерите се секогаш во фокусот на неговото работење и оти потврда за тоа е шестиот пензионерски клуб во населба Радишани што ќе биде отворен за неколку денови.