Плачела и го молела да престане, а тој не реагирал: Поради страшна сцена во маркет цел свет се дигна на нозе!
Еден татко наводно ја влечел својата петгодишна ќерка за коса која и била замотана околу врвот на количка за купување во супермаркет.
- Те молам, престани! Ветувам дека нема тоа да го направам повторно. Те молам, престани! - врескало детето, според зборовите на очевидци.
Инцидентот се случил во Волмарт во Кливленд, Тексас. Фотографиите ги направиле очевидци кои го пријавиле случајот, а полицијата истражува.
- Луѓето велат дека сум погрешила што застанав во одбрана на ова девојче, но не можете да го учите детето на дисциплина така што ќе го влечете за коса, вели Ерика, очевидец, за КТРК.
Ерика на својот Фејсбук напишала дека таа и нејзиниот сопруг купувале храна кога забележале еден човек како ја влече ќерката за коса.
- Го преколнуваше да престане, рекла Ерика.
Ново на Сител
-
Тешка сообраќајка во Прилеп: Се судриле камион и мопед, возачот на камионот избегал
-
Нова авиолинија Скопје-Рига-Скопје
-
Кривична пријава против две лица, расчистени 4 кривични дела, одреден притвор
-
За изборите на 8 мај акредитирани 1078 домашни и 770 странски набљудувачи
-
Киднапиран, избоден и претепан скопјанец – Еден од напаѓачите негов колега
-
ЦУК: Пронајден е изгубен планинар на Плачковица
-
Земјотрес регистиран во Скопје
-
Велика Сабота - денот меѓу смртта и воскресението