ОН: Пјонгјанг со кражба во киберпросторот дошол до две милијарди долари

Северна Кореја заработила околу две милијарди долари „за своите програми за развој на оружје за масовно уништување, крадејќи од финансиските институции и менувајќи криптовалути со се пораспространети и се понапредни кибер напади“, се наведува во доверливиот извештај на ОН, за кој пишуваат британските медиуми.
Пјонгјанг, исто така, продолжил да ги унапредува своите нуклеарни и ракетни програми, не спроведувајќи притоа нуклеарни тестирања или лансирања на интерконтинентални балистички проектили, се наведува во извештајот што до Комитетот за санкции на Советот за безбедност на ОН му го доставиле независни експерти, по шестмесечна мисија на набљудување, наведуваат британските медиуми
Мисијата на Северна Кореја во ОН не сакаше да го коментира извештајот што на Комитетот за санкции на СБ на ОН му беше доставен минатата недела.
Во извештајот се додава дека Пјонгјанг „го користел киберпросторот за да ги испере украдените пари “.
СБ на ОН во 2006 година и воведе санкции на Северна Кореја за да и го отежне начинот на прибирање средства за развој на нуклеарното и балистичкото ракетно вооружување.
Ново на Сител
-

Ангелов: Мирисот на чад во Скопје доаѓа од пожарот на планината Жеден
-

Клековски: Досега потврдени вкупно 44 случаи на западнонилска треска, отпуштени од Клиниката 21 пациент
-

Иран повторно ја предупреди Бугарија
-

Герасимовски: Подготвени сме за 1 септември и за пречек на нашите првачиња
-

Ангелов: Најкомплексен за гасење е пожарот којшто сега гори на планината Китка, во моментов пет активни пожари
-

АХВ спречи увоз на над 27,5 тони млеко од Косово поради зголемено присуство на афлатоксин
-

Германски државјанин поседувал марихуана при влез во државава
-

На скопјанка од Аеродром возилото и било оштетено од заталкан куршум
