Пјонгјанг: Останува прашањето кога ќе започне војната на Корејскиот Полуостров
Големите заеднички воени вежби на САД и Јужна Кореја и заканите за американскиот превентивен напад, ја прават војната на Корејскиот Полуостров „факт“, соопшти Министерството за надворешни работи на Северна Кореја.
- Останува прашањето кога ќе почне војната. Не сакаме војна, но нема да бегаме од неа доколку САД лошо го проценат нашето трпение и го запалат фитилот на нукеларна војна, ќе ги натераме да платат за последиците со нашата моќна нуклеарна сила, која значително ја зајакнавме, наведе портпаролот.
Пјонгјанг досега, како што јави МИА, во неколку наврати се закануваше дека ќе употреби атомски бомби како одговор на евентуален американски напад врз земјата, при што цели на нуклеарните проектили би биле териториите на САД и на нивните сојузниви во регионот.
Ново на Сител
-
Во Германија уапсен маж, кој со секира повреди четири лица
-
Зеленски: За постигнување на мир во Украина неопходна е лидерска средба
-
Mинистерот Муцунски се сретна со амбасадорката на САД, Агелер
-
Ѓоковиќ убедлив против Британецот Еванс
-
Амнести интернешнл обвинува: Израел ја милитаризира хуманитарната помош заради продолжување на геноцидот
-
Голем пожар во близина на Атина
-
Путин најави телефонски разговор со Трамп
-
На 11 и 12 јули Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“