Пјонгјанг ќе ги прекине нуклеарните проби, доколку САД ги прекинат вежбите

Севернокорејскиот министер за надворешни работи Ри Су Јонг изјави дека неговата земја е подготвена да ги прекине нуклеарните проби, доколку САД ги прекинат годишните воени вежби со Јужна Кореја.
Во интервју за АП, прво кое го дал за еден западен медиум, Ри го повтори ставот на Пјонгјанг дека САД ја принудиле неговата земја да развива нуклеарно оружје како чин на самоодбрана, јави Танјуг.
Тој истовремено најави дека прекинот на воените вежби со Сеул би можел да ја отвори вратата за преговори и да ја намали тензијата.
- Доколку продолжиме по патот на конфронтација, тоа ќе доведе до катастрофални резултати, не само за двете земји, туку и за целиот свет, рече тој.
Според него клучно е Владата на САД да прекине со непријателската политика кон Северна Кореја и како израз на тоа да ги прекине воените вежби на Корејскиот Полуостров.
- Ние тогаш ќе одговориме на ист начин, изјави Ри во интервјуто, кое беше направено во дипломатската мисија на Северна Кореја во Обединетите нации.
Само неколку часа претходно властите на Северна Корека соопштија дека извршиле проба на лансирање балистичка ракета со подморница, со присуство на лидерот Ким Џонг-ун и дека тоа бил голем успех, кој на таа земја и пружил уште едно средство за моќен нуклеарен напад.
Ново на Сител
-

Teма на денот со Моника Зајкова, претседателка на ЛДП
-

Ненад Савески ја презема функцијата државен јавен обвинител
-

Пред пожарот во „Пулс“, Дирекцијата за заштита и спасување никогаш не контролирала дискотеки
-

Наместо да свика итна седница за мерки, Владата се шета во Брисел на прослави, вели Филипче
-

Владата веднаш да преземе мерки против растечките цени на нафтата
-

Нова фаза од војната на Блискиот Исток - Напади врз енергетската инфраструктура
-

Филипче: Нема да дозволам некој да не дели
-

Посебен влез за непушачи во кафеани – новини во предлог законот за заштита од пушење
