Пјетро Паролин ја посети Гевгелија
Државниот секретар на Ватикан, кардиналот Пјетро Паролин, во придружба на апостолскиот егзарх во Македонија, бискупот Киро Стојанов, денеска неколку часа престојуваше во Гевгелија.
Високодостојникот од Ватикан прво ја посети парохиската црква „Свети Петар и Павле“ во Гевгелија каде оствари средба и разговор со католичките сестри и присутните верници, а потоа беше во посета и на Привремениот транзитен центар за мигранти во Гевгелија.
Со состојбата во бегалскиот камп каде моментно престојуваат педесетина мигранти, кардиналот Паролин го запознаа техничкиот министер за внатрешни работи Митко Чавков и раководителот на кампот Зоран Лазаровски.
Кардиналот Пјетро Паролин се сретна и поразговара и со активистите на невладините организации кои помагаат во справувањето со бегалската криза, како и со затекнатите мигранти во кампот. Најдолго разговараше со мајката и ожалостеното семејтвото на двете сестри од Авганистан кои неодамна се удавија во Сува река при обидот нелегално да ја поминат грчко-македонската граница кај гевгелиското ело Моин.
Ново на Сител
-
Зошто нема организиран превоз за лица кои одат на дијализа во ГОБ 8-ми септември?
-
Нова компресорска станица на Клинички
-
Еуроактив: Нема преговори меѓу Софија и Скопје, македонската влада сепак дава шанса на дијалогот
-
Преглед на вестите од светот
-
Избран нов Виш обвинител во скопското обвинителство
-
Нова компресорска станица на скопските клиники
-
Безбеден интерент за младите
-
Во ера на дигитализација младите не спортуваат