„Пивофест“ годинава го посетиле 400.000 гости

Тринаесеттото издание на „Пивофест“ беше најспектакуларното досега со околу 400.000 посетители во четирите фестивалски дена, соопштија денеска организаторите на манифестацијата локалните власти и невладината „Центар за граѓански иницијативи“.






- Можам слободно да кажам дека ова беше најмасовниот „Пивофест“ организиран досега. Тоа не се само мои впечатоци туку и од публиката и граѓаните кои беа дел од најголемата фестивалска манифестација во Македонија. Само последната вечер имаше преку 100.000 посетители, а на целиот Фестивал во Прилеп дојдоа околу 400.000 гости. Тоа е особена гордост за мене не само како градоначалник, туку овој фестивал станува гордост за Прилеп и за цела Македонија. Овој фестивал станува најатрактивниот туристички бренд на Македонија. Прилеп полека станува центар на овој дел на Балканот за организирање на оној најмодерен вид на туризам засега во светот, а тоа е фестивалскиот туризам, рече градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески.
Најбитно е, се согласија организаторите што фестивалот беше безбеден за посетителите, а за тоа се погрижија вработените во локалната самоуправа, од МВР, комуналните претпријатија и целиот бизнис сектор.
- На фестивалот беше безбедно за посетителите кои ги имаше од сите страни. Не само од Македонија, туку и од соседните Србија, Бугарија, Грција, Албанија, од Босна и херцеговина, од Хрватска. Посетители дојдоа и од Германија, Холандија, Белгија, а пристигнаа и нашинците од Австралија и од Америка. На паркот на револуцијата во четирите фестивалски дена имаше преку 1.200 кампери, рече Ристески.
Локалните власти допрва ќе ги сумираат бројките во испиено пиво и изедена скара, ако и во економскиот бенефит не само за градот, туку и за регионот. Се знае само дека се надминати сите рекорди.
За наредната година се најавија и новини во организацијата со учество на повеќе странски музички ѕвезди и голем број на други новитети.
- За наредната година имаме и други планови, сакаме да го направиме малку поевропски фестивалот со повеќе странски музички имиња и ќе ја зголемиме бројноста на организаторите. Ќе најдеме професионалци кои може да организираат манифестации од таков калибар. Ги поканувам и медиумите и сите кои имаат сугестии да ни ги понудат. Планираме за наредната година да имаме соработка со повеќе туристички агенции од странство кои ќе донесат гости на „Пивофест“, изјави Ристески.
Ново на Сител
-

Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта
-

Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител
-

Несовесни студенти го поплавиле реновираниот студентски дом „Стив Наумов“
-

Обвинителството побара доживотен затвор за серискиот убиец од Старо Нагоричане
-

21-годишен скoпјaнeц привeден oткако со мотoцикл удрил во пoлициски службeник
-

Груби на 13 октомври излегува од куќен притвор, нуди гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителната мерка на претпазливост
-

Мицкоски: Починати и иселени лица примале државна помош – откриени над 4.500 фиктивни корисници
-

77-гoдишен пeшaк починал откако бил удрен со патничко возило - возачот го напуштил местото
