Пишев: Заев во Струмица го викаме „Човекот од едно евро“

Ова е најубавата земја, земја на Александар, на Гоце, Даме, Ченто, Мајка Тереза, земја на загинатите херои од 2001 и оние од Дива населба. Струмица е град на славните 5 загинати студенти, заради патриотски идеали. Град на Борис Трајковски, Гоце Арнаудов, Агушев. Славен град не сака федерализација и двојазичност, ние сме бедем. Додека одиме и дишеме нема да има ниту двојазичност ниту федерализација, порача кандидатот за пратеник Васил Пишев од митингот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата во Струмица.
Заев е човек, рече Пишев, кој не знае што прави и зборува.
-Го гледам на Тв вели дека потекнува од чесна фамилија. А татко му има судска пресуда за крадење на струја, како и за затајување на данок. И негов прв братучед има судска пресуда за затајување на данок. Крушата под круша паѓа. Тоа ли е Зоран твојата чесна фамилија? Боже прости му не знае што прави.Тој ли ќе биде премиер. Тука во Струмица го викаме „Човекот од 1 евро“ , рече Пишев.
Зоран Заев си умисли дека е месија земен од господ да ја води опозицијата. Ја води ама во пропаст, вели Пишев.
-Месијата ја згрешил мисијата. Заев не лаже дека е црпнат, ама не од господ, туку од надворешен фактор. Месија кој има мисија да ја разобличи Македонија. На еден Албански лидер му пиша дека го спремаат од надвор. Му вели дека ќе имале добри перспективи, на жената на Чауш му пишуваше да не се грижи, оти се знаело кој е зад нив. Тој е странски измеќар. Сака да слугува. Без да трепне кажа дека ќе го вовел албанскиот јазик како втор службен. Дека Рамковниот договор треба да биде надграден, во програмата пишал дека треба да се децентрализира полицијата, потсети Пишев.
Ново на Сител
-

РКЕ: Нови цени на горивата од полноќ, бензините поскапува за три, дизелот за шест денари
-

Димитриеска-Кочоска: Владата донесе одлука за намалување на акцизата на горивата
-

Милановиќ со критики за францускиот протокол: Вучиќ не требаше да биде сместен пред Пленковиќ на воената парада во Париз
-

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија
-

ЦУК: До 18 часот регистрирани осум пожари на отворено, еден сè уште активен
-

Трамп сака САД наскоро пак да бидат домаќини на СП во фудбал
-

МЗ: Забележано почетно намалување на бројот на новoпрегледани пациенти во Гостивар, активно се следи состојбата на терен
-

Бернам: На Велика Британија и треба нов политички и економски модел
