Пишев: Институциите да реагираат во случајот со Заев

Пратеникот Васил Пишев од ВМРО -ДПМНЕ денеска побара институциите одлучно да реагираат и да докажат дека сите граѓани се еднакви пред законот.
- Со денешниот настап Петре Шилегов потврди дека единствениот политичар аболиран за тежок криминал е смртно преплашен. Зоран Заев знае дека е повторно фатен во криминал, рече Пишев.
Според него, Заев избегнува да излезе на ТВ дуел со него и јавно да ги соочат аргументите, за граѓаните да видат колку пари украл и на кој начин ги украл. Пишев смета дека граѓаните треба да знаат како дошло до тоа Струмица да плаќа двојно поскап превоз од Токио.
- Зоран Заев еднаш веќе успеа да избега пред законот благодарение на Бранко Црвенковски, кој го спаси од одговорност за криминал тежок осум милиони евра. Аболицираниот криминалец Заев не смее повторно да избега од одговорност, рече Пишев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Љупчо Зиков, новинар/аналитичар
-

Над 200 семејства од Струмичката епархија ќе добијат празнични пакети од „Елеуса“
-

Почина двегодишното дете повредено во Шуто Оризари за новогодишната ноќ
-

Деца ќе останат со инвалидитет, возрасни во болница поради користење на петарди
-

МВР го расчисти убиството за новогодишната ноќ
-

Се уште се бара Македонецот кој исчезна во пожарот во Швајцарија, бројот на загинати се искачи на 47
-

Запленети 10 килограми кокаин во околината на Скопје
-

Протест против 11 годишната затворска казна за Фатон Љури
