-->
-->
Пирс Броснан приведен на аеродором во САД поради голем нож во личниот багаж
-->
Познатиот ирски актер, Пирс Броснан, поранешниот Џемс Бонд од пет филмови од оваа серија за тајниот агент 007, бил приведен од безбедносните власти во САД, откако во неговиот личен багаж бил најден голем нож.
Инцидентот се случил на меѓународниот аеродром Барлингтон, во сојузната американска држава Вермонт.
Во текот на редовната рутинска проверка на багажот на патниците, безбедносните лица на аеродромот, пронашле нож со сечиво долго 25 сантимерри.
Броснан веднаш бил задржан и одведен на сослушување. Безбедбосните власти за инцидентот ја известиле и управата на аеродромот, по што се вклучила локалната полиција.
По испрашувањето, на познатиот актер му било дозволено да отпатува, без да се покрене какво било обвинување, но полицијата го запленила опасното ладно оружје.
Нема информации за тоа како, еден таков нож се нашол во багажот, што Броснан сакал да го внесе во авионот, но претставник на полицијата открива дека актерот реагирал „мошне гневно“ на постапката на американските безбедносни власти.
Според овој претставник, актерот се чувствувал „понижен и повреден“ од постапката на обезбедувањето на аеродромот Барлингтон, иако се посочува дека би требало да знае дека безбдносните прописина аеродромите, никаде во светот, не дозволуваат внесување на каков било остар предмет во авионската кабина.
Пирс Броснан (62) подоцна одбил да го коментира инцидентот во САД.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Десеттина ученици се фатени како препишувале на првиот испит од државната матура – какви мерки им следуваат?
-
Со една изборна единица до поголема демократизација
-
Тема на денот со Љупчо Николовски, пратеник
-
Бимилк го одбележува светскиот ден на млекото
-
Како Асмир Јахоски доби времен пасош?
-
Мицкоски: Бугарските европратеници сакаат да додадат „сегашен“ македонски индентитет во извештајот на ЕП
-
ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи една изборна единица, но со право да гласа и дијаспората
-
НАТО вежба „Брз одговор“ на Криволак