-->
-->
Пирло ја заврши кариерата
-->

Легендарниот италијански фудбалер Андреа Пирло ја заврши својата професионална кариера одигрувајќи го последниот натпревар за Њујорк Сити во полуфиналето на Источната конференција од плејоф на МЛС лига.
38-годишниот Пирло во победата (2:0) на својот тим во игра влезе во 90. минута и доби овации од публиката на стадион.
Во текот на две децениската професионалната кариера Пирло беше еден од најдобрите светски фудбалери од средниот ред добивајќи го прекарот Моцарт.
Настапуваше за Бреша, Реџина, Интер, Милан, Јувентус и Њујорк.
Најголем успех имаше со Милан во периодот од 2001 до 2011 година, кога освои две титули во Лигата на шампионите, а ги освојуваше и Серија А, УЕФА Супер Купот и ФИФА светскиот клупски Куп.
За Италија одигра 116 натпревари, во 2006 година стана Светски првак на Мундијалот во Германија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривична за шест ученици кои тепале двајца во училиште во Сарај
-

Македонските кикбоксери со 111 натпреварувачи на „Балкан бест фајтерс“
-

Ердоган по средбата со Путин: Мирот во Украина не е далеку
-

Граничниот премин Евзони (ГП Богородица) затворен за сообраќај
-

Намалена видливост поради магла во Кичево и Ботун
-

Советници од САД и Украина утре ќе присуствуваат на мировни преговори во Берлин
-

Првпат во Македонија изведена хируршка интервенција кај дете со ретка конгенитална деформација
-

Идната недела сончево и тивко, со надпросечни температури
