Пиратска верзија на македонскиот документарен филм „Медена земја“ објавена на Јутјуб

Денеска на Јутјуб каналот беше објавена пиратска верзија на македонскиот документарен филм „Медена земја“.
Иако видеото стана вирално на социјалните медиуми и некои македонски медиуми ја пренесоа веста дека документарниот филм е достапен за гледање на Јутјуб, режисерот Атанас Георгиев во изјава за СДК потврдува дека документарниот филм е пиратиран и нелегално пуштен на видео платформата, како и дека по нивната реакција на Јутјуб истиот ќе биде отстранет. Тој напоменува и предупредува дека секакво објавување на линкот од Јутјуб со пиратираниот филм е казниво со закон и дека соодветно ќе реагираат.
Светските дистрибутерски права за „Медена земја“ и припаѓаат на американската куќа „НЕОН“, додека документарниот филм во моментов може да се гледа на гигантската стриминг платформа „ХУЛУ“.
Македонскиот документарен филм „Медена земја“ е во трка за два оскари, и тоа за најдобар документарен филм и најдобар интернационален филм. Освен што овие две номинации испишуваат нова историја во македонската кинематографија, за прв пат во историјата на Оскарите документарен филм добива номинација и во категоријата најдобар интернационален филм.
Ново на Сител
-

Зеленски: Американскиот документ за безбедносни гаранции за Украина е подготвен
-

СВР Битола поднесе кривична пријава за измама со лажна сообраќајна несреќа
-

Повеќе од 700.000 домови без струја поради снежно невреме во САД
-

Mалолетник со возило удрил во друго возило и пешак кој се бори за живот
-

ССМ со протест бара зголемување на работничките плати од најмалку 6.000 денари и минималец од 600 евра
-

Премиерот Рама и порача на албанската опозиција: Државата не потклекнува пред насилството и вандализмот
-

Ѓоковиќ без борба четвртфиналист на Австралија опен
-

Мицотакис: Европа мора да биде обединета, да ги брани меѓународното право и суверенитетот на земјите-членки
