Пиоли: Милан секогаш верува во својата сила
Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, по победата над Торино во Купот на Италија, истакна дека тимот секогаш верува во себе.
Тој исто така потсети додаде дека „росонерите“ го одиграа четвртиот натпревар за девет дена.
– Не можам да не бидам задоволен од играта, бидејќи тоа беше четврти натпревар во рок од девет дена, но никогаш не ни недостасуваше духот или интензитетот. Штета што не победивме за 90 минути, но сепак го покажавме нашето ниво, бидејќи не е лесно да се реализираат пет од пет пенали. Ние веруваме во нашата сила. Ние секогаш размислуваме позитивно за време на игрите и остануваме фокусирани, истакна Пиоли за „Фудбал Италија“.
Милан синоќа во осминафиналето на Купот на Италија го победи Торино на пенали со 5:4, откако основните 90 и дополнителни 30 минути завршија без победник 0:0.
Во четвртфиналето, фудбалерите на Пиоли ќе играат со подобриот од дуелот Интер – Фиорентина.
Ново на Сител
-

Рекордна наплата на македонските патарини - 67,6 милиони евра за една година
-

Ѓорѓиевски најави катна гаража на Клинички
-

Традиционално првојануарско оро во Дебар Маало
-

40 загинати и над 100 повредени во пожар за време на новогодишна прослава во Швајцарија
-

Бурна ноќ за полицијата и лекарите: Убиство, пресметки и тешки повреди од пиротехника
-

30 лица на Токсикологија
-

Првото бебе во новата година е девојче – 2026 ќе биде плодна и бериќетна
-

Среќна Нова 2026 година
