Спорт плус
24. December 2017 - 19:41

Пинпонгарите од Србија триумфираа на турнирот во Скопје

Во Скопје се одржа квалитетен меѓународен турнир во пинг-понг  со доминација  на  играчите од Србија.  Меѓу 8-те најдобри двајца претставници од Македонија
35 учесници од Србија, Косово и Македонија  се претставија на меѓународниот пинпонгарски турнир  кој во организација на Самсунг и  пинпонгарската федерација на Македонија се одржа во спортската сала Форца во Скопје. 
Љубителите на овој спорт можеа да уживаат во добрите игри на учесниците а доминираа претставниците на Србија кои ги освоија првите три места.  Најдобар беше  Стефан костадиновиќ од Спартак Суботица пред  членовите на ПК Банат Илија Мајсторовиќ и Алекса Адамовиќ. 
Од нашите претставници меѓу осумте најдобри се пласираа Кристијан Станојковски и Петар Костовски кои не успеаја да го минат четврфиналето. 
Инаку овој турнир беше еден од поквалитетните  организирани во последните неколку години во Македонија со надеж дека ваквата традиција ќе продолжи и во иднина.