Пино е исчезнат веќе 9 дена, неговата мајка бара помош од граѓаните
Повеќе од една недела младиот Пино е исчезнат, а се уште нема никакви информации за него.
Неговата мајка, Маја Трпковска повторно се огласи на социјалните мрежи барајќи помош од граѓаните за синот да го најде и врати дома. Според неа Пино нема никаква причина зошто да избега.
-Ве молам помогнете ми да го најдам синчето. Пинета Секондо – Пино, МВР работи, ама веќе 7 дена ништо не откри. Ве молам помогнете ми вие луѓе, вие, само вие ќе ми помогнете да го најдам синчето во ова крпче земја. Да го најдеме синчето мое. Не е избегано од дома, нема зошто да бега. Не е лут со мене, како што не е лут со никој од нашата фамилија. Џабе МВР вели дека е избеган од дома (26 години, работи, супер плата, најсакан и почитуван и на работа и дома) Нема зошто да бега!!! Со срце чекаме да го гушнеме. ВЕ МОЛАМ, ПОМОГНЕТЕ МИ, стои во апелот на неговата мајка на социјалните мрежи.
Пино на 10 декември бил излезен вечерта и последен пат е виден во скопската населба Ѓорче Петров околу 22 часот. Излезен бил со бел автомобил марка „Шкода“ со регистерски таблички SK1566AP.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Доколку имате информација за ова момче контактирајте ја најблиската полициска станица или неговата мајка на социјалните мрежи.
Ново на Сител
-
Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково
-
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко производство на беспилотни летала
-
Прекин во снабдувањето со електрична енергија во дел од централното подрачје на Скопје
-
Путин не може да биде среќен од резултатите од Самитот во Хаг, смета Руте
-
Роналдо му се заблагодари на Пиоли по заминувањето од Ал-Наср
-
Виолетовата медуза повторно присутна во делови на Грција
-
Трамп ја потврди посветеноста на колективната одбрана на НАТО и го поздрави растот на трошоците за одбрана
-
Измени на Законот за воздухопловство, предлог да се зголеми на шест години финансиската поддршка за нови авиолинии