Пилоти ги служат патниците во „ИсландЕр“, стјуардесите отпуштени

Исландската национална авиокомпанија „ИсландЕр“ одлучи да ги отпушти сите стјуардеси и стјуарди, со цел да ја спаси компанијата од финансиски проблеми предизвикани од новиот коронавирус, а од денеска наместо нив, пилотите ќе ги служат патниците.
– Сепак пилотите нема да губат многу време на туркање колички низ авионот, нудејќи пијалок и храна, бидејќи таа услуга поради вирусот е намалена на минимум, соопшти „ИсландЕр“, што претставува одлука без преседан, според која, дел од пилотите сега ќе се грижат за безбедноста на патниците во авионот.
Како што пренесуваат медиумите, засега е нејасно како пилотите успеале за два дена да се подготват за новата улога, бидејќи одлуката за отказ на кабинскиот персонал е донесена во петокот, по долгите неуспешни разговори со синдикалните претставници.
Бизнисинсајдер наведува дека се уште не е познато дали таквата замена на улогите е дозволена во регионите во кои сообраќа „ИсландЕр“, вклучувајќи ги САД и ЕУ.
Авиокомпанијата „ИсландЕр“ е основана во 1937 година.
Ново на Сител
-

Една година од трагедијата во „Пулс“
-

Средношколците од Струмица засадија дрво во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-

Ново зголемување на цената на горивата
-

Трамп бара учество на НАТО во Ормускиот теснец
-

Гаши за Изборниот законик: Јас сум за отворени листи
-

Деца со алергии ги полнат ординациите на педијатрите
-

Филмот „Една битка по друга“ брилираше на Оскарите
-

Преглед на вестите од светот
