Пилот проект на турската Влада: Паричен надомест за бабите, кои ги чуваат внуците
Бабите, кои ги чуваат своите внуци, додека родителите работат, ќе добиваат финансиска помош во рамки на пилот проектот, кој почнува во мај и опфаќа десет турски окрузи, соопшти турскиот министер за труд и социјална сигурност, Мехмет Миезиноглу.
Како што објави весникот „Хуриет дејли њуз“, финасиската помош за бабите ќе изнесува по 425 турски лири (113 долари), а во проектот ќе бидат вклучени вкупно шест илјади семејства.
- Ќе им дадеме 30 отсто од минималната плата или 425 лири на бабите, кои ќе ги чуваат своите внуци. Околу илјада семејства од Истанбул, Измир и округот Бурса ќе бидат вклучени во проектот во неговата прва фаза. Уште 500 семејства од Анкара, Кајсери, Сакарија, Анталија, Конја, Газиантеп и Текирдаг исто така учествуваат во проектот, додаде тој.
Пилот проектот ќе се спроведува една година и половина од трошоците за него ќе се покриваат од Турската агенција за вработување, а останатата половна од турското Министерство за труд. Се очекува трошоците за проектот да изнесуваат шест милиони лири (1,5 милиони долари).
Семејствата со вкупен приход помал од три минимални плати ќе можат да се пријават за вклучување во проектот. Освен тоа предност ќе имаат бабите под 65 години, иако нема да има строга граница и можат да се вклучат и баби над таа возраст.
Миезиноглу изјави дека Владата ќе одлучи дали проектот ќе стане постојан според резултатите од пилот варијантата, која ќе се следи од претставници на Министерството.
Министерот за семејство и социјална политика Фатма Бетул Сајан Каја изјави дека проектот има цел да ја зголеми вработеноста на жените и да ги зајакне семејните традиционални врски.
Ново на Сител
-
Изгаснат пожар во фабрика за стиропор во Кочани
-
Во Скопје еспресо 150 денари, во Софија две евра - ниски платите во угостителството и туризмот
-
Во земјава има поголем број осигуреници на здравствено осигурување од бројот на жители
-
Возел под дејство на алкохол и поминал на црвено светло, приведен 39-годишен маж
-
Приведен кумановец, бил затекнат додека палел сува трева
-
Приведен криминалец баран со потерница за затворска казна од две години и три месеци
-
Приведен 44-годишен маж од Велес, турнал жена и ѝ ја украл ташната
-
Високите температури неповолни за земјоделството, неопходно наводнување и заштита на посевите