Фудбал
7. September 2019 - 8:10

Пике нема да се врати во шпанската репрезентација

Дефанзивецот на Барселона, Џерард Пике ја отфрли можноста за враќање во шпанската репрезентација.

Во исто време, тој истакна дека ги следи резултатите на „црвената фурија“.

– Ја победивме Романија (2:1), иако резултатот беше доведен во прашање до крајот. За мене, репрезентацијата отсекогаш била многу важна. Внимателно ги следам натпреварите. Но, сакам да ги посветам последните години од мојата кариера на клубот, затоа што тој го заслужува тоа. Секоја година третирам како последна. Уживам во секој натпревар. Морав да ја свртам страницата на животот во националниот тим. Сакам да дадам приоритет. И сега Барселона е сè за мене, вели Пике во изјавата за шпански „АС“.

Тој не им беше омилен на навивачите на шпанската фудбалска репрезентација и често пати беше исвиркуван поради неговите ставови за независност Каталонија.