Пике критичен по успехот на Ваљадолид

Дефанзивецот на Барселона, Жерар Пике беше прилично критичен кон тимот по минималниотуспех над Ваљадолид со 1:0 во натпревар од 24-тото коло на Ла Лига.
Дефанзивецот изрази мислење дека каталонците не покажале добро лице и ако не ја подобрат својата игра, ќе имаат проблеми во вторник против Олимпик Лион. Двата состави ќе се соочат еден против друг во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на шампионите.
– Воопшто не игравме добро. Ова не е лицето што сакаме да го покажеме. Најдобро од сето ова е победата, но чувството по натпреварот не е пријатно. Ние треба да направиме подобрувања. Во вторник против Лион треба да покажеме друго, поинакво лице, инаку работите нема да бидат добри за нас. Ако не сме брзи кога топката е во наши нозе, ако не ја контролираме играта, ако не создаваме шанси, стануваме послаб тим. Тоа е она што ние и нашите ривали го знаеме, рече Пике.
Запрашан да го коментира пеналот, кој беше досуден за прекршок врз него, Пике објасни дека имало доволно контакт за дападне.
– Ме турна од позади и ме дестабилизира. Ме фати за рамо. Тоа е пенал. Тоа беше доволен контакт за да паднам, изјави дефанзивецот.
Ново на Сител
-

На ГП „Богородица“ за излез од државава се чека два часа, 30 минути за влез на „Табановце“
-

ИОК нема да ги истражува постапките на Инфантино на СП 2026
-

Најмногу дожд во Претор
-

Претрес во скопско Арачиново - пронајдени над два килограми марихуана, приведено едно лице | ФОТО
-

Приведен струмичанец, превезувал мигранти со возило без возачка дозвола
-

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места
-

Трамп ѝ се закани на ЕУ: „САД не се ваша касичка, ќе платите многу висока цена“
-

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евакуирани над 220 илјади луѓе
