-->
-->
Пике: Играм подобро за Барса, откако ја напуштив репрезентацијата на Шпанија
-->
Дефанзивецот Жерар Пике мисли дека започнал да игра подобро во својот клуб, Барселона откако ставил крај на својата кариера во шпанскиот национален тим по Светското првенство 2018 година во Русија минатото лето.
Пике вчера вечерта беше дел од селекцијата на Каталонија во победата од 2:1 против Венецуела.
– Ова не се однесува само на мене, туку и на многу други играчи. Во мојот случај, очигледно е дека почнав да играм посилно за Барселона, бидејќи повеќе не играм за репрезентацијата на Шпанија. Но веќе објаснив сè. Ја напуштив репрезентацијата бидејќи мислам дека дојде вистинскиот момент, ми требаше пауза. Моето учество во селекцијата на Каталонија ми одзема само еден ден, и тоа не е исто, изјави дефанзивецот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
35-годишен скопјанец пријавил дека бил тепан од неговата сопруга
-
Украдено возило на АРМ оставено на автомеханичар
-
Во координирана акција запленети 283 килограми шверцуван тутун
-
Бензините и дизелот од ноќеска поскапи за два денара
-
Крводарителска акција на 30 април по повод Светскиот ден на слободата на медиумите
-
Оддадена почит за убиените осум бранители кај Вејце во 2001 година
-
Светска банка: Раст од 2,6 проценти на македонскиот БДП, 2,5 во 2026-та
-
Костадиновски: Уставниот суд има потреба од закон за доуредување, статус кво состојбата нема да донесе никому ништо добро