Пијанистот Арда Мустафаоглу освои второ место на натпревар во Турција

Младиот македонски пијанист Арда Мустафаоглу освои втора награда на двоетапниот интернационален пијано натпревар за млади таленти кој се одржа во рамки на 19. Интернационален пијано фестивал во Анталија (Турција).
На синоќешната церемонија на доделувањето на наградите, настапот на Арда беше поздравен со големи овации од бројната турската публика во „Аспендос“ халата на културниот центар во Анталија.
Оваа награда следува по учеството на меѓународниот пијано мастер клас на професорот Херберт Кох од 19. до 27. август во Дирен (Германија), во рамките на кој, Арда настапуваше на три концерти во Дирен, Ахен и Бон.
Во следниот период Арда Мустафаоглу ќе се престави пред македонската публика со солистички рецитали во Велес, Штип, Струмица, Прилеп и Скопје, а кон крајот на септември ќе настапува и во Касел (Германија).
Ново на Сител
-

Гостиварци чекаат техничка вода, епидемијата стивнува
-

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за епидемијата во Гостивар
-

До среда ќе се знае што ја предизвика белата пена во Вардар
-

Уапсена Македонка која прегази куче во Улцињ, семејството тврди дека ги нападнало
-

Родители на протест, без училиште нема иднина за с. Долни Балван
-

12 плажи имаат спасители на вода
-

Николоски: Изградбата на автопатот Охрид-Кичево со одлична динамика
-

Јавна дискусија на законот за трансплантација во Велес
